Започна проширувањето на Пластичарка- еве кога ќе биде готова

Фото: Слободен печат/А. Мемети

Град Скопје денеска започна со првата фаза од проширувањето на булеварот „Никола Карев“, попознат како улица Пластичарска, во должина од 1.440 метри, од клучката кај Бит пазар до Касарна „Илинден“.

– Во овој дел ќе биде изведена досега непостоечка атмосферска канализација. Во исто време на овој потег ќе биде извршена и целосна реконструкција на подземнитер инсталации. Ова е само шрва фаза од проширувањето, и очекувам дека на пролет ќе продолжиме со проектот од касарна илинден, до булевар „Словенија“.Ова е една од најслабите точки во сообраќајот во Скопје, затоа и се одлучивме да влеземе во негова реализација. Претходфно разговараме со сопствениците на трговските објекти со цел да не го уништиме нивното секојдневно работење, со градежните активности, рече градоначалникот Петре Шилегов, кој беше присутен на почетокот на грасдежните работи.

Оваа делница, како што најави Шилегов ќе биде готова до крајот на март или почетокот на април.

„Ќе добиеме современа сообраќајница, со четири сообраќајни ленти. Ќе има велосипедска и пешачка патека од двете страни на коловозот, а каде што ќе може да се изведе, ќе биде направено и средишно булеварско зеленило, со тоа што го решаваме овој горлив проблем кој што со децении со мачи нашиот град“, рече Шилегов.

Фото: Слободен печат/А. Мемети

Премиерот Зоран Заев рече дека станува збор за важна сообраќајница во Скопје која поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош, која, како што рече, дневно ја користат десетици илјади возила, а овој потег особено е значаен заради огромниот број стопански субјекти.

– Со интезивирањето на активностите во делот на изградбата на нови и реконструкција и модернизација на постојните градски сообраќајници Град Скопје во значителен дел учествува во капиталните инвестиции на Република Северна Македонија, рече Заев, и ги повика и останатите општини во државата да го следат примерот на Градот Скопје и да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност и за поголема ефикасност на градскиот сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот