Започна производството на електричниот „SUV“ – „EQC“ (ВИДЕО)

Во фабриката во Бремен, гигантот од Штутгарт го стартуваше производството на својот прв електричен „SUV“ модел – „EQC“.

Според информациите, „EQC 400 4MATIC“ има автономија на повеќе од 400 км, а од „Mercedes“ тврдат дека просечната потрошувачка е околу 20 kWh на 100 километри без емисија на штетни гасови.

Моделот користи  два електрични мотори со сила од 408 КС и 760 Нм, забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 180 км/ч. Системот од батерии од 80 kWh има модуларен дизајн и се состои од 384 литиум-јонски ќелии, а за полнење 10-80% е потребно 40 минути преку „DC“ брз полнач.

Од „Mercedes-Benz“ соопштија дека почетната цена на моделот „EQC“ со стандардна опрема е 71.281 евра.

Во овој пакет на опрема се вклучени два 10.25-инчни дисплеи на контролната табла и мултимедијални MBUX со гласовни команди, систем за избегнување на судир, систем за навигација кој вклучува станици за полнење и ниво преостанато на капацитетот на батеријата, како и 19-инчни алуминиумски бандажи.

„Mercedes-Benz EQC“ има пет седишта и багажник со капацитет од 500 литри. Должината е 4.761 мм, ширината е 1.884 мм, висината е 1.624 мм, а пак меѓуосовинското растојание е 2.873 мм. Вака опремениот модел има вкупна тежина од 2.425 килограми.

За споредба, „Mercedes EQC“ е за 8.600 евра поевтин од „Audi E-Tron“, а нето цената од 60.000 евра го прави квалификуван за остварување на еколошки бонуси на регионално ниво.

Компанијата „Daimler“ има вложено 1 милијарда евра во производството на батерии, така што оние кои го напојуваат „EQC“ се прават во фабриката во Дрезден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот