Започна предизборната кампања за вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Парламентарни и претседателски избори Бугарија 2021
Парламентарни и претседателски избори во Бугарија 2021/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Бугарија почнува изборната кампања за вториот круг од претседателските избори, пишува Нова.бг.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги објави резултатите од претседателските и потпретседателските избори. Во недела, 21-ви ноември, во вториот круг претседателските кандидати ќе бидат Румен Радев – Илијана Јотова и Анастас Герџиков – Невјана Митева.

Предизборната кампања ќе заврши 24 часа пред изборниот ден.

Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова објави дека на изборите на 14 ноември не бил избран ниту еден бугарски претседател или потпретседател, бидејќи во гласањето учествувале не повеќе од половина од гласачите и ниту еден од кандидатите не добил повеќе од половина од гласовите.

Кога ниту еден од кандидатите на претседателските и потпретседателските избори не е избран во првиот круг, ЦИК ги утврдува првите две кандидатски листи со најголем број гласови и закажува нови избори во рок од седум дена.

Румен Георгиев Радев и Илијана Малинова Јотова, предложени од иницијативниот одбор добија 1.322.385 гласови, а Анастас Георгиев Герџиков и Невјана Михаилова Митева-Матева, исто така предложени од иницијативниот одбор, добија 610.862 гласови. Новите избори за претседател и потпретседател на Републиката ќе се одржат на 21 ноември, истакна Нејкова.

Според законот, ЦИК на Бугарија ги објавува резултатите од претседателските избори и ги објавува имињата на кандидатите меѓу кои ќе се одржат нови избори најдоцна 48 часа по изборите.

Стефан Јанев загрижен

Преодната влада на Бугарија направи се за да ги организира изборите и да ги спречи грдите појави на купување гласови и групно гласање, изјави премиерот Стефан Јанев на почетокот на владината седница.

Јанев наведе дека бугарските граѓани имале можност да гласаат слободно, чесно и отворено на парламентарните избори во земјата.

Тој додаде дека тоа го покажува и оценката странските набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кои дале позитивна оценка за напорите на Министерството за внатрешни работи на Бугарија за справување со проблемот со купување гласови.

Но, Јанев изрази загриженост за релативно слабата излезност на парламентарните избори на 14 ноември.

Тој уште еднаш ги повика бугарските граѓани за кандидатот за кој веруваат дека најуспешно и најдобро ќе ги консолидира овластувањата на претседателската институција запишани во Уставот на Бугарија.

Централната изборна комисија на Бугарија денеска соопшти дека излезноста на 14 ноември на предвремените парламентарни избори и во првиот круг од претседателските избори била 40 проценти.
Вториот круг од претседателските избори во Бугарија ќе се одржи на 21 ноември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот