Започна организирано собирање отпад во селата Башибос и Кочули

Во валандовските села Башибос и Кочули, по нивното внесување во организираниот систем за собирање отпад и поставување нови контејнери од страна на ЈП „Комунален сервис” почна да се подобрува заштитата на животната средина и да се поттикнуваат нови навики за поголема одговорност на жителите кон околината.

Од комуналното претпријатие во Валандово, соопштија дека неодамна почнале организирано да го собираат отпадот во селата Брајковци, Балинци, Марвинци, Удово, Чалакли, Дедели и Грчиште како и во двете туристички зони од кои едната е околината на манастирот „Свети Ѓорги”, а другата познатите водопади во непосредна близина на селото Кочули.

– Наша цел е за краток период да создадеме здрав и одржлив еко-систем во целата општина поради што апелираме до граѓаните отпадот да го фрлаат во поставените контејнери затоа што чистата животна средина,како предуслов за живеење во заедница со здрава иднина,е наша заедничка одговорност, велат од јавното комунално претпријатие во Валандово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот