Започна Охридскиот дијалог за унапредување на решенијата за предизвиците на Македонија

Во Охрид денеска започна Охридскиот дијалог чиј домаќин е премиерот Зоран Заев, а се одржува во коорганизација со Атланскиот совет и Охридската група.

На неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија и регионот воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На настанот, како што соопшти МНР, присуствуваат голем број дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка.

Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот