Започна лидерската средба во вила Водно

Во вила Водно почна лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски откако во петокот Европскиот совет не донесе одлука за почеток на пристапните преговори до земјава.

На средбата се присутни лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски, а од партиите на Албанците присуствуваат пвите луѓе на ДУИ, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами, на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши. Во вила „Водно” иако ненајавен пристигна и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Премиерот Заев е во придружба на Љупчо Николовски, Мицкоски е со Игор Јанушев, а Ахмети е со Артан Груби.

Се очекува лидерите да разговараат за актуелната состојба по недонесувањето на одлука за датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ и за предлогот на премиерот Заев за одржување на брзо предвремени парламентарни избори.

Прочитајте и...  Експлодираше фабрика за хемикалии во Индија: 8 загинати, 174 се повредени

Ваквиот предлог Заев го даде вчера во неговото обраќање пред јавноста истакнувајќи дека ЕУ направила историска грешка и оти народот е тој кој сега треба да одлучи по кој пат ќе продолжи државата да се движи.

– Народот ни даде мандат и чест да го водиме и тој сега ќе одлучи дали продолжуваме по истиот пат. Ако е така, јас барам одново чист и отворен мандат за да ги продолжиме реформите. Не сме сјајни, имавме грешки, но нема друг пат. Сѐ друго е ќор-сокак, сѐ друго е крив пат и нешто во кое се вртевме во круг 27 години, рече Заев во обраќањето до јавноста.

Прочитај повеќе

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат

Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Слободен печат

Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Слободен печат

Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Слободен печат

Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

Слободен печат

Во Вашингтон шести ден протести против расизмот и полициското насилство (ВИДЕО

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, внатре бил претседател на политичка партија (ВИДЕО)

Слободен печат

Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Слободен печат

Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Слободен печат

Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Слободен печат

Лукашенко ја распушти Владата на Белорусија

Слободен печат

Филипче: Рестрикцијата на движењето дополнително ќе помогне во идентификување на контактите

Слободен печат