Започна изградбата на нова социјална зграда во Неготино

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, го означија почетокот на изградба на станбена зграда наменета за социјално ранливи категории на граѓани во Неготино.

Наша обврска е да создадеме услови сите овие лица да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот, потенцираше министерот за транспорт и врски Горан Сугаески.

– Денеска сме присутни овде во Неготино исто така да означиме почеток на изградба на нова социјална зграда со вкупно 62 станови, со која верувам дека ќе овозможиме пристоен дом на социјално ранливите лица на кои станбеното прашање им е најголем проблем. Сакам да потенцирам дека годинава во соработка со АД за станбен и деловен простор ќе отпочнеме за градиме згради и во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес и Скопје наменети за социјално ранливи групи граѓани”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаески.

Тој додаде дека до сега изградени се вкупно 164 станови и тоа во Кочани, Македонски Брод и Струмица, и истакна дека во завршна фаза е зградата во Гостивар.

Директорот на директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски најави дека рокот за изградба е осумнесет месеци и дека се очекува изградбата да заврши и пред рокот.

– Перидот ќе биде доста интензивен, продолжуваме со изградба на зградата во Бутел во Скопје, во месец август ќе започнеме со изградба на згради во Виница и Свети Николе, а во месец ноември ќе отпочнеме со изградба и во Дебар, Велес и Гевгелија”, изјави директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Градоначалникот на општина Неготино потенцираше дека ова е огромно значење за социјално ранливите семејство во општината и дека локланата власт ќе продолжи со преземање на социјални мерки се со цел да им се помогне на сите ранливи категории на граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот