Започна електронската наплата на патарините (ФОТО+ВИДЕО)

фото: Слободен печат

Денеска на „Коридорот 10“ започна со работа електронската патарина. Па така патарините на патот до Табановце до Гевгелија ќе бидат поевтини, а се предвидува времето за плаќање треба да биде пократко.

фото: Слободен печат

Како што најави директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, корисниците на електронската картичка ќе платат помеѓу 2 и 7% пониска цена, иако за 7 отсто помали цени треба навистина многу да патувате. Електронската наплата се прави со картички кои ќе бидат достапни за 100 денари на наплатните рампи, или за 1.200 денари е достапен таг за автоматско отчитување.

Картичките и тагот се надополнуваат, а со тоа сопствениците на картичките добиваат попуст при секое полнење. За полнење од 201 до 10.000 денари попустот е 2%; од 10.001 до 50.000 денари попустот е 3%; од 50.001 до 300.000 денари попустот кој го добива корисникот е 7%.

фото: Слободен печат

Иако повисоките попусти ќе им бидат од корист на превозниците, од побрзото минување на патарините корист ќе имаат сите. Корисниците на тагови воопшто нема да мораат да застанат на патарините, но ќе треба да ја намалат брзината на движење за да се подигне рампата. Со електронската картичка возачот ќе треба да застане и да ја допре картичката до скенерот.

фото: Слободен печат

– Имајќи предвид дека наплатата на патарините веќе ќе може да се врши без запирање на возилото, односно тоа само треба да ја намали брзината на движење и наплатата се врши автоматски, ќе се придонесе и кон зголемување на протокот на возила и комфорот на граѓаните и патувањата. Дополнително корисниците на електронските картички ќе добиваат попуст при секое надополнување, рече Заев.

фото: Слободен печат

– Картичките и таговите ќе може да се купат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец по што во наредниот период продажната мрежа ќе се прошири во институци со кои ќе склучиме договори за дистрибуција. Најдоброто нешто е што кога еднаш ќе земете картичка, нема повторно да мора да доаѓате за надополнување, бидејќи има веб апликација и може сами да ја надополните на телефон, рече Китанов, кој очекува до крајот на годинава 30 до 50 проценти од учесниците на сообраќајот да користат електронски систем на наплата.

фото: Слободен печат

– Првично ќе се мониторираат само наплатните станици по што ќе го унапредиме системот да врши контрола и на сите клучки на Коридорите 8 и 10. На овој начин ќе го забрзаме протокот на возила и ќе го унапредиме сообраќајот преку зголемување на безбедноста. Тесните грла, особено во летните месеци повеќе ќе ги нема, рече министерот за транспорт Сугарески.

Минималната цена за нова картичка е 100 денари и минимални 300 денари за полнење.

фото: Слободен печат

Полнењето на картичките може да се направи или на наплатните рампи или онлајн. Дополнително од веб-страницата ќе може да се следи и состојбата на картичката, колку од кредитот е потрошен и колку е достапен за трошење.

До мај 2020 се предвидува сите патарини да бидат дигитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот