Започна еден од најголемите судски процеси во Германија: Фолксваген го тужат 470.000 луѓе

Фото: Профимедиа

Пред Вишиот покраински суд во Брауншвајг започна досега најголемиот судски процес во кој купувачите на возила Фолксваген бараат отштета.

Купувачите од автомобилскиот гигант бараат пари поради претрпената штета со скандалозното манипулирање со податоци околу количината на штетни гасови кај нивните автомобили со дизел мотори.

– Судот мора првенствено да процени до која мерка им е наштетено на купувачите на возилата Фоклсваген – рече на почетокот на судењето Михаел Неф, судијата во процесот.

Фолксваген тврди дека купувачите на возилата во кој бил вграден забранетиот софтвер не претрпеле никаква штета, и дека и понатаму ги користат своите автомобили.

Како обвинител во овој процес се јавува Сојузната канцеларија за заштита на потрошувачите и германскиот автомобилски клуб АДАЦ, кој застапува околу 470.000 купувачи.

Обвинителите ја обвинуваат германската компанија дека „намерно и против правлата“ ги оштетила своите купувачи.

Како што е објаснето на почетокот на процесот, судот исто така треба да утврди дали штетата настанала со намалување на вредноста на автомобилите поради скандалот со манипулацијата или откако е одржана јавната расправа во Германија околу загадувањето на воздухот.

Експертите проценуваат дека случајот, поради сложеноста и фактот дека станува збор за прв случај со групно поднесување на тужба, би можел да биде префрлен на Високиот германски суд. Тогаш, процесот би можел да трае неколку години.

Компанијата Фолксваген во САД, каде во 2015 година е откриен скандалот со манипулацијата на вредностите на штетните издувни гасови, веќе исплати неколку милијарди долари казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот