Започна двонеделната мисија на ММФ во Македонија

Инаку оваа мисија започна денеска, а министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека преку оваа проценка очекува да се дојде до системски решенија.

Во следните две недели Меѓународниот монетарен фонд ќе прави дијагностичка мисија за управување со јавните финансии во земјава. Инаку ова е прва проверка во нашата земја, а Владата очекува преку неа да се подобри менаџирањето на јавните инвестиции кои се важен катализатор за економски раст.

Инаку оваа мисија започна денеска, а министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека преку оваа проценка очекува да се дојде до системски решенија.

– Од мисијата очекуваме експертите на ММФ да ги оценат досегашните процедури, алатки, носењето одлуки од страна на институциите и да дадат препораки за системско решение. Секако и идентификување и преземање на потребните активности од страна на институциите за подобрена реализација на капиталните инвестиции, сподели министерката на својот Фејсбук профил.

Таа додаде дека пред неколку месеци ја пуштиле новата алатката за транспарентност – со која јавноста ги следи капиталните инвестиции на секоја институција и прави притисок за подобра реализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот