Започна церемонијата за официјалното пуштање во употреба на гасоводот меѓу Грција и Бугарија

Започна церемонијата за официјално пуштање во употреба на меѓусистемската гасна врска Грција-Бугарија. Домаќин на настанот, кој се одржува во салата 3 на НДК, е бугарскиот претседател Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, влезе во салата заедно со претседателите на Северна Македонија и Бугарија. По нив во салата влегоа претседателите на Србија и Азербејџан и премиерите на Грција и Романија.

Форумот го отвори бугарскиот премиер Галаб Донев. Тој во својот говор истакна дека гасоводот меѓу Грција и Бугарија има исклучително сериозна димензија, не само во однос на домашната економија за Бугарија и Грција, туку и за регионот. Гасоводот ги надминува границите на двете соседни земји бидејќи ќе отвори нови можности во енергетиката во широк регионален план.

– Ситуацијата во светот е комплицирана, рече Донев, особено по почетокот на војната во Украина.

Бугарија го поддржува договорот меѓу Азербејџан и ЕУ. На церемонијата присуствуваа европскиот комесар за енергетски прашања Кадри Симсон, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Присуствуваат и вршителот на должноста премиер Галаб Донев, извршните директори на проектната компанија „ИЦГБ” АД Теодора Георгиева и Јоргос Сатлас, како и претседателите Петар Стојанов (1997-2002) и Георги Прванов (2002-2013).

Објектот е со вкупна должина од 182 километри (на бугарска територија должината е 140 километри) и ги поврзува системите за пренос на гас на Бугарија и Грција, вклучувајќи го и Трансјадранскиот гасовод. Вкупната вредност на гасоводот е над 240 милиони евра, од кои ЕК бесплатно ги обезбеди за физибилити студии во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот