Започна божиќниот пост: Како треба да изгледа менито наредните 40 дена

Фото: Профимедиа

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божиќен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста” за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг”, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Во Православната црква практика е во текот на божиќниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божиќ. Целта на постот е да се „исчистат” духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божиќните пости.

Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот.

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Собор во 1166 година.

Траењето на божиќниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера, во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус. Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото, која се движела од западот кон истокот и која ги довела во Витлеем.

Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа. Тие се постат вака: во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло, вино и риба. Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло, вино и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник во среда и петок се допушта, покрај масло, и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло, вино и риба, пишува бигорски.орг.мк

Во текот на целиот овој пост не се јаде месо, млеко и млечни производи и јајца. Масло и вино се дозволени во сите денови освен среда и петок, кои се пости „на вода“. Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица.

Последната недела од божиќниот пост се пости построго. На Бадниковиот ден не се употребуваат ниту масло ниту вино, туку се пости „на вода“.

BOŽIĆNI POST POČINJE 28. NOVEMBRA! Evo kako treba da izgleda JELOVNIK u narednih 40 dana: Na neke namirnice ne pomišljajte!

Фото: Профимедиа

Со оглед на тоа дека постот исклучува консумирање месо и млечни и животински производи кои на нашите простори се најчестиот извор на протеини, но и на други клучни нутриенти, не смееме наредните 40 дена да го поминеме на компир и леб со џем,  туку да се погрижиме организмот и понатаму да ги добива неопходните витамини, минерали и други хранливи состојки, особено поради пандемијата со коронавирусот.

Особено обрнете внимание на внесот на витамините Д, Б12 и Ц.

Храна која е богата со влакна: чија семето, авокадото, јаболката, бадемите, лененото семе, леќата, гравот, артичоките, бананите…

Храна која е богата со минерали: ориз, спанаќ, тиквички, мешунки, пашканат, риба, пченка, компир, брокула, кељ…

Храна богата со витамини:

– Слатката пиперка е извор на 4 од 14 есенцијални витамини. Ова се однесува на витамините А и Ц, бета-каротен и ликопен.
– Оревите се извор на 4 од 14 есенцијални витамини. Тука спаѓаат: Б1, Б2, Б6 и Е. Обидете се да земате 1-2 грста дневно. Добар избор се и бадемите.
– Печурките се извор на 4 од 14 есенцијални витамини: Б2, Б3, Б5 и Д. Печурките се многу хранливи, а имаат ниска содржина на јаглехидрати и калории.
– Брокулата е добар извор на 6 од 14 есенцијални витамини. Тука спаѓаат витамините А, Б9, Ц, Е, К и бета-каротен.
– Рибата е добар извор на 9 од 14 неопходни витамини. Тие ги вклучуваат витамини А, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б12, Д и Е. Туната и пастрмката обезбедуваат најмногу витамини, но задолжително консумирајте широк спектар на риби за здрава исхрана.
– Темно зелените листови се добар извор на 8 од 14 неопходни витамини. Тие ги вклучуваат витамините А, Б2, Б3, Б6, Б9, Ц, Е, К и бета-каротен. Најдобри извори се спанаќот и кељот.

За почеток на денот подгответе посен појадок кој ќе ве наполни со енергија која ќе ве чува сигурно во текот на утрото, а одличен е и за прочистување на организмот.

Потребни ви се:

– две супени лажици житарки по желба;
– по желба лажица сечкано суво овошје;
– едно јаболко;
– еден морков;
– 2 лажици мелени бадеми;
– мед или стевиа.

Подготовка:

По желба, крупно сомелете две лажици житарки и прелијте со уште малку вода преку ноќ. Во друга чаша потопете една лажица сечкано суво овошје. Наутро сѐ измешајте, додадете рендано јаболко и морков, и по две лажици мелени бадеми и мед, уште подобро стевиа. Јадете полека.

За ручек ви ја предлагаме манастирската риба. Овој зачинет оброк е одличен за време на постот.

Потребни ви се:

– 1 кг исечена риба;
– 3 главици кромид;
– 300 гр сечкани пиперки;
– 300 гр варени домати;
– малку масло;
– со и бибер, биозачин.

Подготовка: 
Во тавче ставете ја рибата, посолете и печете во загреана рерна. Кога ќе бидете полупечена, додадете го исечканиот зеленчук, прелијте со сварените домати, зачинете со биозачинот и бибер и вратете го во рерна да се пече. Јадењето послужете го врело. Вечерата за време на постот треба да биде лесна, па затоа ве советуваме да направите посен проја со ајвар.

Потребни ви се:

– 400 мл вода;
– 100 мл масло;
– 1 лажичка сол;
– 4 лажици ајвар;
– 300 гр пченкарно брашно;
– 150 гр бело брашно;
– 1 прашок за печиво.

Подготовка:
Измешајте вода, масло, ајвар, сол, додадете брашно и прашок за печиво. Измешајте и сипете во калапи за проју, ако е метален калап премачкајте со масло и брашно или ставете хартиени корпи. Може да се исече на коцки или кришки во изладена тава. Се пече на 200 степени околу 25-30 минути. Одлични се и по три дена кога ќе се загреат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот