Започна бојкотот на социјалните мрежи на сите клубови во Англија!

Фото: EPA-EFE/Ian Walton/POOL

Прекинот во работата на социјалните мрежи започна во петокот попладне и ќе трае до понеделник навечер, а се однесува и на натпреварите од полуфиналето на женската Лига на шампиони.

Сите професионални клубови од англиската фудбалска лига, вклучително и екипите од Премиерлигата, како и женската Супер лига и Чемпионшип, одлучија да ги бојкотираат социјалните мрежи, а и поранешниот напаѓач на Франција и Арсенал, Тјери Анри го направи истото во протест против расизмот и насилството.

На бојкотот, предводен од фудбалската организација, ќе му се придружат и англиските клубови во крикет и рагби и Британската тениска асоцијација.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин минатата недела ги повика 55 членови на федерацијата да поднесат формални жалби за неприфатливи твитови или пораки.

– Доста ни е од кукавици кои се криеја зад анонимноста со цел да ги промовираат своите штетни идеологии – рече Чеферин минатата недела во Монтре, Швајцарија.

УЕФА претходно постапуваше во случаи на злоупотреба на Интернет во кои играчите ги критикуваа официјалните лица на натпреварите, па Нејмар и Серж Орие ги пропуштија натпреварите во Лигата на шампионите во последните сезони поради навредливи коментари за судиите на социјалните мрежи.

Англиски фудбалски претставници ја повикаа британската Влада да донесе закони што ги прават компаниите за социјални мрежи поодговорни за она што се појавува на нивните платформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот