Започна акција за расчистување на дива депонија во Бутел

Инспекторатот на Град Скопје во соработка со МВР, ЈП „Комунална хигиена” и ЈП „Улици и патишта” денеска почна акција за расчистување на дивата депонија на улица „Александар Урдаревски” во општина Бутел.

Како што соопшти Град Скопје, оваа дива депонија е лоцирана при вонреден инспекциски надзор извршен на 26 јули 2019 година. На лице место е констатирано незаконско депонирање комунален отпад, градежен шут и земја. За оваа дива депонија првпат во историјата на Град Скопје е поднесена кривична пријава за неовластено фрлање смет врз основа на Кривичниот законик, стои во соопштението.

– Акцијата на расчистување на дивата депонија и враќање на теренот во првобитна состојба почна денеска бидејќи не се пристапи со извршување на издаденото решение и рокот за расчистување од Градскиот инспекторат, а лицето против кое е поднесена кривична пријава ќе ги сноси трошоците за расчистувањето на дивата депонија, се наведува во соопштението.

Градот најавува дека засилените контроли на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на несовесно постапување со отпадот и создавање диви депонии што ја загрозуваат животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот