Започна 28 мото рели „Македонија – Независност 2019“! (ГАЛЕРИЈА)

фото: Слободен печат

28 по ред традиционално мото рели „Македонија независност 2019“ започна од 10.00 часот во пред Триумфалната капија во Скопје.

Како една од најстарите спортски манифестации, својот старт го имаше во 1991 година, како нов доказ за љубовта кон татковината од страна на моторџиите.

Освен од нашата земја, интересот е зголемен, моторџии имаа и од регионот и пошироко…

– Ние како моторџии гледаме да држиме добро име, срдечни луѓе. Оваа манифестација, ова рели е зас одлично. Учествуваме од 2014 година, знаејќи се сите овие луѓе, супер ни е, така што секоја година се враќаме тука, ангажираме и други колеги од Словенија – изјави за „Слободен печат“, Борис Иванчиќ.

Рутата по која ќе се движат моторџиите на 28. Меѓународно мото рели – „Македонија – Независност“ 2019:

Ден 1: Скопје-Куманово-Кратово-Пробиштип-Виница-Берово-Струмица-Дојран

Ден 2: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Крушево-Демир Хисар-Битола-Охрид

Ден 3: Охрид-Струга-Дебар-Маврово-Тетово-Скопје

Најавено е самиот финиш е да биде во Скопје, поточно во Градски Парк на 9 Септември 2019 година.

Пред присутните се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски:

– Драго ми е што како Агенција за млади и спорт и оваа година сме активно вклучени  и сме покровители на еден ваков голем настан. Исто така ме прави среќен што од година во година секако се зголемува бројот на моторџии, но и од друга страна се зголемува и квалитетот. Со тоа секако го подигнуваме стандардот во мото спортот. Сакам да им се заблагодарам на мото федерацијата, на претседателот, секретарот, на целата екипа која што секако генерално е вклучена во организацијата на овој настан. Да ви посакам среќен пат на сите, секако да ги почитувате правилата и истовремено да ви го честитам празникот. Среќно! – беа зборовите на Каевски.

[foogallery id=”79742″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот