Заплови првиот брод од Мариупол по руската инвазија, тврдат руските сепаратисти

Мариупол пристаниште/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Брод го напушти украинското пристаниште Мариупол за првпат откако Русија го зазеде градот и се упати кон истокот на Украина, изјави за Интерфакс сепаратистичкиот лидер на украинскиот отцепен регион Доњецк, поддржан од Русија, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на пристаништето минатата недела изјави дека бродот ќе натовари 2.700 тони метал во Мариупол пред да отпатува на исток во рускиот град Ростов-на-Дон.

Украина рече дека пратката на метал во Русија од Мариупол е еднаква на грабеж.

Мариупол стана првиот поголем украински град за кој Русија тврди дека целосно го презела, по долгата битка околу фабриката Азовстал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот