Запленeто злато вредно 1,9 милиони долари: Уапсени тројца граѓани на Конго, двајца Кинези се во бегство

Властите во Конго запленија 31 килограм злато, вредно околу 1,9 милиони долари, во резерватот за диви животни Окапи на северо-истокот на земјата.

Според зборовите на поручникот Жан Џу Мусунжело, шеф на канцеларијата на военото обвинителство на Конго, криумчарите планирале златото да го продадат откако ќе го прошверцуваат во соседната земја, објави Ројтерс.

Тројца граѓани на Конго биле уапсени за криумчарење, додека двајца Кинези успеале да избегаат, рече Мусонжела.

Тони злато се шверцуваат секоја година од провинцијата Итури преку Уганда и другите соседни земји, утврдиле експертите на ООН, со што државите се лишуваат од приходите од природните ресурси

Видео на денот