Запленети предмети и глисер за случајот „Рекет“

Фото: Слободен печат

Синоќа во Охрид полицијата по наредба на Јавното обвинителство изврши заплена на најмалку еден глисер и други предмети, а во врска со случајот „Рекет“, дознава МКД.мк.

Предметите остануваат во заплена до крајот на истрагата во која се опфатени.

Оваа заплена е дел од истражните дејства за „Рекет“ во кој првоосомничени се Бојан Јованоски (Боки 13), директор на 1ТВ, и Зоран Милески – Зоки Кичеец. Случајот се однесува на изнуда на пари од бизнисмени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот