Запленети над 100 тони кокаин во Холандија: Полицијата откри нарколабораторија во штала (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се наоѓаат во притвор откако полицијата изврши претрес во поранешна штала за јавање во Холандија.

Шталата е претворена во најголема лабораторија за незаконско производство на кокаин во Холандија. Лабораторијата може да произведува до 200 килограми кокаин дневно.

Тринаесетте притворени се колумбиски државјани, тројца се Холанѓани, а меѓу нив е и сопственикот (64), а еден од нив е турски државјанин, соопшти полицијата.

Запленети се десетина илјади литри хемикалии, заедно со опрема како што се бочви, плински боци, пластични цевки и пет мешалки за цемент кои се користат за извлекување на кокаинот од тн. „носач“.

„Со оглед на бројот на луѓето кои таму работеле, големината, распоредот и опремата, проценуваме дека капацитетот на производство е од 150 до 200 килограми кокаин дневно, што претставува улична вредност од 4,5 до 6 милиони евра“, рече шефот на полицијата Андри ван Рин.

Прочитајте и...  Невработените мора да се пријават за да добијат картичка со пари

Полицијата на местото на претресот пронајде 100 килограми кокаин и соби каде што спиеле работниците.

По претресот во складишта во блиските градови Апелдурн и Елшот исто така се запленети околу 120 тони носач на материјалот.

Осомничените треба да се појават пред судија оваа недела, а можно е да се притворат уште лица, соопшти полицијата.

Според нивните наводи сопственикот на некогашната коњушница и школо за јавање е регистиран во Стопанската комора уште од 2001 година како трговец со коњи и одгледувач на коњи.

Прочитај повеќе

Експертите за инцидентот во Ѓорче Петров: Говорот на омраза е последица на „пумпањето“ национализам

Слободен печат

Ахмети на средба со американската амбасадорка Брнс

Слободен печат

Шведска нема да ги вакцинира малолетниците од ковид-19

Слободен печат

Митаракис: Одговорните за пожарот во Мориа ќе се соочат со грчката правда, затвор па протерување

МИА Агенција

Заев – Брегу: Отворени сме за регионална соработка

Слободен печат

НБРСМ: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Средба Бесими – Јан Коп: Интензивирање на соработката со Кралството Холандија

Слободен печат

Италијанците со референдум поддржаа намалување на бројот на пратеници

Слободен печат

По новинарско истражување на ИЦИЈ паѓаат акциите на водечките западни банки

МИА Агенција

Во Хрватска самоизолација намалена од 14 на 10 дена

Слободен печат

Столтенберг: Пандемијата се користи за да се ослабне НАТО

Слободен печат

Во Италија задолжително тестирање на патниците од Париз

Слободен печат