Запленети два тона кокаин, вреден 470 милиони евра

Во Полска се запленети речиси два тона кокаин од Колумбија, во вкупна проценета вредност од 470 милиони евра, изјави премиерот Матеуш Моравјецки

– Го спречивме најголемиот шверц во последните години, рече Моравјецки.

Дрогата најверојатно била наменета за црниот пазар на земјите од ЕУ.

Кокаинот бил измешан со креда и превезуван во контејнери, а го открила полициската царина во пристаништето Гдиња.

Полицијата потоа го следела неговото движење, за на тој начин да открие „многу професионална” лабораторија на една западна земја.

Уапсени се четворица Колумбијци, еден Иранец со престој во Германија и двајца Полјаци.

-Ова е првпат во историјата полската полиција да има работа со таква лабораторија, изјави Јарослав Шимчик, началник на полицијата.

Во лабораторијата, исто така, биле пронајднеи неколку стотици литри хемиски супстанци, што веројатно содржат кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот