Запленети 7,5 тони кокаин во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД

Заплена на кокаин / фото: МИА

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони американски долари, соопшти денеска колумбиската Влада.

Дрогата била спакувана заедно со градежни материјали и транспортирана помеѓу пристанишниот град Картагена и Панама. Како што се наведува во соопштението, таа им припаѓа на шверцери поврзани со клан на Заливот и требало да биде доставена до други криминални групи во Централна Америка и Европа.

Колумбија останува еден од најголемите производители на кокаин, и покрај долгогодишните напори да се запре трговијата со дрога.

Како што пренесуваат странските агенции, левичарските бунтовници, криминални кланови и поранешни десничарски паравоени сили се вмешан во производство и транспорт на дрога. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот