Запленети 745 килограми кокаин во Хрватска во една од најголемите полициски акции во земјата

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Во повеќемесечна заедничка акција на хрватската полиција и царина во пристаништето Риека биле запленети големи количини кокаин, а резултатите биле презентирани од страна на цариниците. Во целата акција се запленети вкупно 745 килограми кокаин со проценета вредност од над 20 милиони евра, јави „Индекс.хр“.

„Дури и кога се гледаат поединечно, некои од овие заплени спаѓаат во категоријата на десетте најголеми заплени кои се направени во Хрватска. Кога зборуваме за запленетото количество кокаин, тоа е најголемата заплена во историјата на хрватските сили за спроведување на законот, односно полицијата и царината“ изјави началникот на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал, Марио Ковач.

Помошник директорот во хрватскиот Сектор за мобилни единици на Царинската управа, Предраг Јуратовац, изјави дека во текот на февруари, март, април и мај, во соработка со полициски службеници, Царинската управа спроведувала редовни активности за сузбивање на шверцот на дрога. Акцентот бил ставен на сообраќајот на контејнери кои пристигнувале на пристаништето во Риека.

Шефот на регионалната царинска испостава Риека, Андреј Франуловиќ изјави дека се работи за операција за профилирање на ризик.

„Според одредени профили се издвојуваат одредени сомнителни контејнери кои мора да се подложат на некаков вид проверка, односно истовар или само отворање на контејнерот“ изјави Франуловиќ.

Пратките пристигнувале од различни јужноамерикански земји, а најголеми производители биле Колумбија, Боливија и Перу. Дрогата се шверцувала од сите важни пристаништа кои се наоѓаат на море, а овие пратки не доаѓале од едно пристаниште, туку имало неколку претоварни пунктови. Што се однесува до рутата до Европа, организираните криминални групи извлекувале кокаин онаму каде што сметале дека е најбезбеден, се вели во соопштението за медиумите.

Началникот на приморско-горанската полиција Хари Брнад изјави дека пред една година во пристаништето Риека во контејнерски сообраќај биле запленети речиси 900 килограми кокаин.

„Ова е кокаин со висока чистота, во зависност од пратката, чистотата е меѓу 80 и 90 проценти, големопродажната вредност на кокаинот е над 20 милиони евра, но кога ќе почне да се продава на улица и да се меша, масата се зголемува за пет пати. Можете да замислите колкаво количество дрога е и каков удар е ова за организираните криминални групи што ги зададовме во нашата гранична работа“ додаде Брнад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот