Запленети 5,5 тони кокаин на подморница во САД

Американската крајбрежна стража пресретна подморница во која пронајде и заплени речиси 5,5 тони кокаин, вреден 165 милиони американски долари, соопштија властите.

Операцијата била организирана на 5 септември, а крајбрежната стража уапси четворица осомничени шверцери со дрога на подморница што пловеше низ источниот Пацифик на пат кон САД, јави Ен-Би-Си Њуз.

Крајбрежната стража не соопшти каде е пресретната подморницата, но наведуваат дека во акцијата имале помош од колумбиската морнарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот