Запленети 112 килограми марихуана: Белградската полицајца уапси три лица, зад решетки и еден полицаец

Фото: Илустрација

Како што се наведува во соопштението на српското министерство за внатрешни работи, уапсени се П. М. (49), од Белград, Џ.Д. (48) од Ужице и полициски службеник А. В. (39), вработен во полицијата во Ужице.

Белградската полиција заплени 112 килограми марихуана и уапси три лица под сомнение за трговија со дрога.

Како што се наведува во соопштението на српското министерство за внатрешни работи, уапсени се П. М. (49), од Белград, Џ.Д. (48) од Ужице и полициски службеник А. В. (39), вработен во полицијата во Ужице.

Полицијата извршила претрес во автомобилот управуван од осомничениот П.М. при што во шест големи торби се пронајдени 92 килограми марихуана спакувана во 92 пакети.

Кај осомничените Џ.Д. и А.В., за кои постои сомнение дека дрогата ја предале на П.М., полицијата пронашла уште две големи торби во автомобил, при што се пронајдени 20 пакети со 20 килограми марихуана.

Лицата се осомничени за сторено кривично дело недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, за што им е одреден притвор од 48 часа, по што, со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот