Запленети 100 килограми кокаин во Данска, уапсени 27 лица

Вредноста на запленетиот комаин се проценува на околу 50 милиони долари. 

Данската полиција денеска уапси 27 лица осомничени за илегална трговија со дрога откако на товарен брод, регистриран на Бахамите, откри и конфискува 100 килограми кокаин.

Полицијата во Копенхаген соопшти дека кокаинот е запленет вчера, во текот на меѓународно  координирана акција.

Сите осомничени се странски државјани и според данските закони можат да бидат осудени на 16 години затвор. Помеѓу уапсените има државјани на Русија, Летонија, Еквадор и Филипини.

Вредноста на запленетиот комаин се проценува на околу 50 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот