Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Полицијата во Дубровник заплени рекордна количина на кокаин во пристаништето Плоче, а според неофицијални информации станува збор за околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани.

Огромната количина на кокаин била откриена од цариниците во пристаништето при редовна контрола на контејнерот, по кого никој не дошол, пишува „Слободна Далмација“.

Полициската управа за утре најави прес-конференција на која ќе бидат објавени деталите од акцијата, трета по ред со која е разбиен ланец на шверцери на кокаин.

Во последните месеци во ова пристаниште се запленети повеќе од 700 килограми кокаин, а уапсени се осум лица, наведуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот