Запленета марихуана во струшко, приведен дилер од Албанија

Марихуана/Фото: EPA

На 25.11.2020 околу 11,30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу с.Вишни и с.Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на А.С. (41) од с.Лакавица-Гостивар, управувано од Ф.Ц. (20) од Р.Албанија, а во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Р.Албанија.

При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц..

Лицата се приведени во полициска станица, а Ф.Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот