Запленет 1,6 тон кокаин во Подгорица, уапсена жена

Полиција Црна Гора/ Фото; Архива на Слободен печат

Во акцијата на Секторот за борба против криминал (СБПК), Центарот за безбедност Подгорица, Центарот за безбедност Бар и полицијата синоќа извршија претрес во повеќе објекти во главниот град на Црна Гора, пренесува Вести.ме.

Откако синоќа запленија рекорден 1,6 тон кокаин, полицијата ја уапси М.К. од Подгорица, додека останатите осомничени се во потрага.

Полицијата денеска продолжува со активностите на тој предмет.

Според неофицијални извори за Вести.ме, полицијата вчера запленила големи количини на кокаин, а станува збор за повеќе од илјада килограми дрога.

Дрогата била запленета во еден од магацините кои ги пребарувала полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот