Запирање на „Турски тек“: Сакаат да ја намалат зависноста од руски гас

Турција од Русија го намали увозот на гас за дури 70 отсто во однос на јули минатата година, туркајќи го руски „Гаспром“ на листата главни турски увозници на гас зад Азербејџан и Иран.

За прв пат по 20 години Турција веројатно нема воопшто да увезува руски гас и тоа најмалку 2 недели, затоа што сака да ја намали зависноста од овој енергенс.

Според турската компанија „Ботас“ гасоводот „Турски тек“ потполно ќе биде запрен на 27. јули. „Ботас“ ја купува селокупната испорака на гас што доаѓа по оваа рута, која во функција беше пуштена во јануари годинава.

Тој цевковод ќе биде затворен до средината на август заради поправки и ремонт. Беше затворен и претходниот месец поради планираното одржување.

Уште еден гасовод од Русија кон Турција, „Син поток“ исто така е затворен од мај, иако според планот треба да биде затворен за неколку недели.

Со тоа Турција од Русија го намали увозот на гас за дури 70 отсто во однос на јули минатата година, туркајќи го руски „Гаспром“ на листата главни турски увозници на гас зад Азербејџан и Иран.

Турција, исто така, дел од рускиот гас го замени со течен природен гас, откако цените она овој енергенс значително опаднаа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот