Запечатена куќата на терористот кој уби седум луѓе во Ерусалим

Фото: Твитер

Израелската полиција соопшти дека ја запечатила куќата на терористот кој во петокот уби седум лица и рани тројца во ерусалимската населба Неве Јаков.

Армијата ја запечати куќата на Алкам Кари пред нејзиното уривање во населбата А-Тур, во источен Ерусалим.

Безбедносните сили веќе им рекле на жителите да ја напуштат куќата веднаш по нападот во петокот вечерта. Во саботата полицијата објави дека се приведени 42 пријатели и познаници на Кари, објави „Тајмс оф Израел”.

Неговата куќа беше затворена неколку часа откако Високиот совет за безбедност донесе одлука за ова прашање.

Запечатувањето на куќите на напаѓачите често е замена или подготовка за нивно уривање.

Општо земено, процесот на уривање трае неколку месеци, бидејќи куќата мора да биде обележана, Високиот суд мора да одговори на жалбата на семејството, а безбедносните сили често чекаат оптимално време за да влезат во палестинските градови или населби за операции за уривање.

Мерката доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен” и „цврст” одговор на „тероризмот” по двата палестински напади во Источен Ерусалим. – Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност. – Не сакаме ескалација, но подготвени сме за секое сценарио, додаде Нетанјаху.

Судирите во Џенин ги турнаа Израел и Палестинците до работ на нова војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот