Запалени се над 300.000 книги, Турција го надмина дури и нацистичкиот режим

Турскиот министер за образование Зија Селчук изјави дека во последните три години уништени се повеќе од 300 илјади книги кои се објавени од страна на издавачките куќи блиски до движењето Ѓулен.

Книгите се уништувани неселективно. Меѓу нив има верски, литературни, научни и школски книги. Единствениот критериум за нивното уништување е тоа што се објавени од издавачка куќа која му припаѓала на движењето Ѓулен.

Точната бројка изнесува 301.878 книги, а ја соопшти министерот за образование Зија Селчук, по барање на Есин Кара, пратеник од редовите на провладината националистичка партија МХП.

– Дали има обиди за расчистување на школсите библиотеки? Дали од овие библиотеки се извадени книгите на оваа организација? Доколку се извадени дали е направена анализа како тие книги биле внесени во таа институција? Дали се уште ги има овие книги во училиштата и дали државата врши контрола врз училиштата?  – ова е прашањето на пратеникот Кара, на што министерот Селчук го даде следниот одговор:

– Во врска со ова можам да кажам дека се затворени сите медиуми и издавачки куќи блиски до оваа организација. Како дел од тоа, треба да се напомене и дека се уништени точно 301.878 книги, откако претходно истите се извадени од училиштата по наредба на министерството за внатрешни работи.

Ваквата постапка на турската влада потсетува на постапките на нацистичкиот режим, но во многу поголема мерка. Според историските податоци, нацистите уништиле околу 25.000 книги, што е за дванаесет пати помала бројка од бројката на запалени книги во Турција.

Турскиот министер се пофали и со 2.284 затворени училишта на движењето Ѓулен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот