Запалени два контејнера кај нова железничка станица

Во близина на нова железничка станица,на улицата „Никола Карев” утрово се опожарени нови два контејнера, станица, информира ЈП „Комунална хигиена” – Скопје и посочува дека во првите десет месеци од годинава од непознати сторители се опожарени над 100 садови наменети  за одлагање на комуналниот отпад во Град Скопје.

-Само во привите седум дена од ноември изгореа 10 контејнери на ЈП „Комунална хигиена”. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на јавното претпријатие му е нанесена финансиска штета во висина од 1,5 милиони денари, велат од Комунална хигиена.

Оттаму посочуваат дека палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и нормалното одржување на хигиената во Градот. Апелираат да престане вандализмот и уништувањето на нивната опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот