Запалени автомобилите на штипското семејство Тушеви блиско до СДСМ

Фото: илустрација

Изутринава запалени се автомобилите на Никола и Мите Тушеви. Инцидентот се случил во населба „Сењак 3“ на улица „Борис Крајгер“, обајви порталот Исток Прес.

Возилата биле опожарени така што пироманите прво ги скршиле стаклата од возилата, а потоа во нив фрлиле молотови коктели. Автомобилите на Никола и Мите не биле паркирани едно до друго туку на спротивни страни, поради што пироманите морале да употребат два молотови коктели. Во инцидентот било опожарено и трето возило кое се наоѓало веднаш до возилото на Мите Тушев.

Никола Тушев до неодамна беше претседател на Општинската организација на СДСМ, неговата сестра Маринела е поранешна пратеничка, а денес работи во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, неговиот зет Бојан Маричиќ е дел од кабинетот на премиерот Заев, а Мите Тушев е долгогодишен активист на СДСМ во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот