Запалената пеперутка Ема Ливри: Балерината која изгоре на сцената (ФОТО)

Претставата „Леа Папилон“, во која украдената принцеза се претвора во пеперутка не е некоја позната балетска претстава. Најзначајно нешто во продукцијата на овој балет, чиј врв е кога крилјата на пеперутката ќе се запалат, била неговата ѕвезда, Ема Ливри.

Louis mérante emma livry

За жал, уште попозната станала по страотната трагедија, кога поради улогата ја изгубила битката со животот бидејќи премногу се приближила до пламенот.

Младата балерина не била единствената, голем број балерини настрадале откако плинската расвета станала популарна во театрите во 19 век. Многу балерини во Филаделфија, Лондон и Париз исчезнувале во пламенот. Ема Ливри сатанала нивен симбол, пишува Ози.

Имала само 16 години кога првпат настапила во париската опера во далечната 1858 година. Со сосема вообичаен изглед, сепак го задржувала вниманието на публиката. Наскоро станала вистинска ѕвезда на францускиот балет до таа мера што познатата примабалерина Марија Таглиони сама допатувала во Париз за да ја гледа.

Марија Таглиони

Burned Butterfly Emma Livry

 

Таглиони била маѓепсана од балетската умешност на непознатата Ливри и веднаш одлучила дека сака да го развива талентот на Ливри под нејзиното будно око.

Наполеон Трети во 1859 година донел проглас во кој наредил балерините своите костими хемиски да ги обработат за да станат огноотпорни. Процесот на картеноризирање се состоел од натопување на фустанот во хемиски раствор, но фустаните биле валкани, влажни и воопшто не биле елегантни. Но балерините се бореле против тие безбедносни мењрки.

„Господине, инсистирам на премиерите да играм во обичен балетски фустан“, му напишала Ливри на директорот на париската опера во 1860 година.

Burned Butterfly Emma Livry

Таа декларација на независност, но и тврдоглавост, ја чинело живот само две години подоцна.

На пробата на операта „Немата девојка од Портициј“, Ливри го пробувала фустанот преблизу до плинска светилка. Фустанот се запалил, а Ливри ги шокирала другите балетани и присутната публика кога почнала да трча по сцената во оган. Сите ја глеале балерината како се бори со пламените јазици.

Еден балетан и пожарникар притрчале да ѝ помогнат, а царот Наполеон Трети подоцна парично ги наградил поради тоа. Успеале да го изгаснат огнот, но 40 проценти од телото на Ливри било изгорено.

Фустанот бил целосно уништен, а жиците од корсетот ѝ се залепиле на ребрата.

Следните 36 часа ги поминала во гардеробата замотана во завои, а осум месеци по страшниот настан умрела од сепса.

Нејзината смрт го вознемирила светот на тогашниот театар и балет, а одлучено е плинските ламби поинаку да се дизајнираат за да бидат побезбедни, а исто така и ткаенините за костимите да бидат од друг материјал.

Ема и покрај страшните болки што ги трпела поради изгорениците, останала тврдоглава дури и по трагедијата, велејќи: Ако некогаш се вратам на сцената, тоа нема да биде во оние грозни костими, премногу се грди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот