Запалена девојка којa била жртва на силување додека одела на судење!

Фото: Профимедиа

Група мажи, вклучително и осомничениот силувач, запалиле 23-годишна двојка која била жртва на силување, додека одела на судење во северна Индија, што дополнително го разгори бесот на јавноста поради злосторствата врз жените во оваа земја.

Девојката која денес е нападната и запалена е во критична состојба, соопштија лекарите во северната индиска држава Утар Прадеш.

Девојката одела кон железничката станица за да присуствува на судското рочиште кога била полиена со бензин и запалена, соопшти полицијата.

– Пет лица учествувале во нападот врз неа, меѓу кои и човекот кој е обвинет за нејзиното силување- изјави полициски службеник за Ројтерс.

Девојката е во критична состојба, а „Би-Би-Си“ објави дека претрпела изгореници на 90 проценти од своето тело.

Сите пет напаѓачи се во притвор, соопшти полицијата.

Девојката во март оваа година пријавила во полиција дека била силувана на 12 декември минатата година, под закана од огнено оружје.

Во текот на изминатата недела, илјадници Индијци излегоа на масовни протести низ целата земја, по силувањето на 27-годишната ветеринарка во јужниот град, Хајдерабад.

Демонстрантите и пратениците бараат од судовите да носат  побрзи и поефикасни одлуки за случаите со силување и да изрекуваат построги казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот