Западните сили во паника: Руски агенти „оперираат“од француските Алпи

фото: Принтскрин

Во последните неколку недели сериозна афера за шпионажа ја потресе Србија, кога се сретнале пензионираниот српски полковник З.К. и членот на руската воена разузнавачка служба (GRU), Героргиј Келбан. Не е познато што српскиот офицер му дал на рускиот разузнавач, за што овој му дал одредена сума пари.

Сепак, не само Србија и регионот се соочуваат со овој проблем. Американски и европски разузнавачки агенции откриле дека руските воени разузнавачки персонал се наоѓа на француските Алпи, се вели во извештајот на „NBC News“ објавен во четвртокот. Веста за операцијата за прв пат ја објави францускиот весник „Le Monde“.

15-те членови на воената разузнавачка служба на „GRU“ живееле на француските Алпи, каде ја основале својата база за европски тајни операции, според извештаите. Имињата на наводните офицери претходно ги објави Белингкет, независна истражувачка група.

Двајца руски агенти, Александар Петров и Руслан Боширов, се обвинети за труење со рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија во 2018 година. Двајцата руски агенти, наводно, користеле псевдоними и воен нервен агенс за да ги трујат таткото и ќерката. Обајцата се опоравиле откако биле хоспитализирани. Руската влада го негираше учеството, велејќи дека „не разбира зошто е тоа направено и каков сигнал испраќа британската страна“.

– Слушнавме или видовме две имиња, но овие имиња не ми значат лично – тогаш им рече на новинарите рускиот дипломат Јури Ушаков.

„GRU“ е обвинета за оркестрирани сајбер-операции против Западот. Агенцијата беше обвинета во 2018 година за глобална хакерска кампања против агенциите за борба против допингот, компанија за нуклеарна енергија и организации кои се грижат за безбедноста на хемиското оружје, пренесува „Ројтерс“.

Покрај сајбер-операциите, „GRU“ има и специјална оперативна единица, составена од членови на руската воена служба. Агенцијата, исто така, регрутира агенти „резервирани за најчувствителните задачи во голем број операции на „GRU“ – според извештајот објавен од „Ројтерс“.

Неколку челници на агенциите ги санкционираа западните земји, вклучително и САД, Велика Британија и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот