Западните медиуми за Ратко Младиќ: Со пресудата за „босанскиот касап“ се затвора едно од најкрвавите поглавја во историјата

epa08529962 (FILE) - Republika Srpska leader Radovan Karadzic (R) listens to VRS Commander Ratko Mladic (L) during a meeting in Pale, Bosnia and Herzegovina, 05 August 1993 (reissued 06 July 2020). A quarter of a century ago, the world witnessed the worst mass murder on European soil since World War II. Some 7,000-8,000 Bosniaks were slaughtered and 20,000 civilians were forcibly displaced in an act of ethnic cleansing perpetrated in the small eastern Bosnian village of Srebrenica, whose name will forever be linked to the infamous 1995 massacre. Today, 25 years after the massacre, the memory of its victims is kept alive by several institutions, such as the Museum of Crimes Against Humanity and Genocide in Sarajevo or a permanent exhibit at the 'Memorial Center Srebrenica-Potocari' that now occupies the former headquarters of the Dutch UNPROFOR Battalion. EPA-EFE/STRINGER ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Пресудата на Ратко Младиќ за геноцид и воени злосторства затвора едно од најкрвавите поглавја во модерната европска историја, иако неговото наследство сè уште ги дели БиХ и регионот, а сенката на неговите злосторства се шири надвор од Балканот инспирирајќи ги екстремните десничари во светот.

Скоро три децении по избувнувањето на војната на Балканот, каде беа забележани некои од најшокантните злосторства во Европа од крајот на Втората светска војна, Меѓународниот трибунал во Хаг во вторникот, 8 јуни,  му ја потврди пресудата на главниот командант на крвопролевањето, пишува Њујорк Тајмс.

Според американскиот весник, со потврдата на пресудата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, завршува едно од најтемните поглавја на модерната европска историја и се става крај на правната борба што се води од 1995 година, кога Младиќ беше првпат обвинет.

Најновата пресуда за случајот Младиќ доаѓа во време на зголемена жестокост во српските националистички кругови кои сакаат да ја препишат историјата на конфликтот, негирајќи ги наводите за воени злосторства и забранувајќи ја епизодата да се споменува во училишните книги, посочува Њујорк Тајмс, додавајќи дека се слават осудени воени злосторници какохерои и добиваат истакнати позиции.

Кога Трибуналот беше основан во 1993 година, додека борбите сè уште траеја, целта беше да одговараат сторителите на најтешките злосторства и да се воспостави солиден историски запис за настаните со надеж дека тоа може да биде основа за помирување, укажува Њујорк Тајмс додавајќи дека е рано да се каже каква улога ќе играат судските записи во заздравувањето на сè уште поделениот регион.

За луѓето што го следеа судскиот случај на Младиќ, останува важно прашање како историјата ќе суди за неговите постапки – дали ќе остане запаметен како злосторник на крвав геноцид или ќе се опстојат обидите да се претстави како патриот и  херој, истакнува Њујорк Тајмс.

Младиќ беше военото лице на брутална тројка која на политичката страна ја предводеа поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ и поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, објави агенцијата Франс прес.

Хашкиот трибунал утврди дека Младиќ играл водечка улога во некои од најстрашните злосторства на европско тло од нацистичкиот холокауст за време на Втората светска војна, пишува Ројтерс.

За геноцидот во Сребреница, судиите утврдија дека Младиќ играл апсолутно клучна улога затоа што тој ги контролирал воените и полициските единици вклучени во апсењето на затворениците и масакрот.

Со исходот од судењето на Младиќ, посочува Ројтерс, се заокружуваат 25 години судења на ад хок Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, кој осуди 90 лица.

Ратко Младиќ спроведе политички план, осмислен на врвот, за исчезнување на делови од муслиманското население во БиХ, посочува Би-Би-Си.

Етничкото чистење започна со прогонство – пропагандата ги сврте соседите едни против други – и заврши за илјадници луѓе кога луѓето на Ратко Младиќ ја окупираа базата на Обединетите нации во Поточари, која беше назначена како безбедна зона.

Додека Ратко Младиќ беше во бегство 16 години, многумина стравуваа дека нема да го видат судскиот процес против него, соопшти британскиот јавен сервис, истакнувајќи дека обвинителите сега се надеваат дека судењето за Младиќ ќе испрати порака до регионот и пошироко дека одложувањето на правдата не значи негирање на правдата.

Осудите за геноцид на Младиќ и Радован Караџиќ, главните личности кои командуваа и извршуваа етничко чистење и масовни убиства во граѓанската војна во Босна, го затвораат најкрвавото поглавје во европската историја од 1945 година, пишува Тајмс.

Сепак, според лондонскиот весник, многу Срби сè уште го сметаат Младиќ за воен херој. Србија одбива да признае дека геноцидот се случил во Сребреница, додека масовните убиства редовно се негираат.

Минатата недела, Милорад Додик, за кој весникот вели дека е лидер на Република Српска, рече дека геноцидот во Сребреница „не се случил“ додека тој беше покрај српскиот претседател Александар Вучиќ.

Лондонскиот весник посочува дека Додик ги намалил масовните убиства споредувајќи ги со хрватското истребување на Србите во Втората светска војна.

Пресудата на Младиќ значи дека 79-годишниот поранешен генерал, кој ја тероризирал Босна за време на војната, ќе го помине остатокот од својот живот во затвор, според Асошиејтед Прес, додавајќи дека тој е последната значајна фигура во конфликтот што заврши пред повеќе од четвртина век и се соочил со правдата.

Младиќ ќе му се придружи на поранешниот претседател на босанските Срби, Радован Караџиќ, на издржувањето доживотна казна затвор поради организирање етничко крвопролевање во босанската војна, во која беа убиени повеќе од 100.000 луѓе, а милиони останаа без покрив над главата.

Токсичното наследство на Младиќ, кој беше познат како „босанскиот касап“, сè уште ја дели БиХ, но неговата темна сенка се прошири подалеку од Балканот, посочува АП.

За Србите во БиХ, тој е воен херој кој се борел за да го заштити својот народ, додека за Бошњаците, претежно муслимани, тој е злосторник одговорен за нивните воени страдања и загуби.

Сепак, посочува АП, сенките на Младиќ и Караџиќ се шират далеку над границите од Балканот зошто се почитувани меѓу приврзаниците на крајната десница поради своите крвави воени кампањи. Се верува дека Австралијанецот кој уби десетина муслимански верници во Крастчрч на Нов Зеланд бил инспириран од воените водачи на босанските Срби, како и Анреас Брејвик, норвешиот бел расист кој уби 77 лица во Норвешка во 2011 година.

Извор: Бета

ВИДЕО | Андоновиќ: По 533 дена судење и десет години зад решетки, конечна пресуда на Младиќ

Додик лут заради Младиќ: Каква е таа правда и право кога пресудата од слобода ја слушаа Ориќ, Готовина, Ганиќ…

 

ВИДЕО | Андоновиќ: По 533 дена судење и десет години зад решетки, конечна пресуда на Младиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот