„Западните медиуми не го сакаат Ѓоковиќ бидејки доаѓа од Балканот“

epa09027528 Novak Djokovic of Serbia is congratulated by coach Goran Ivanisevic after winning his Men's singles finals match against Daniil Medvedev of Russia on Day 14 of the Australian Open Grand Slam tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 21 February 2021. EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Откако започна пандемијата на коронавирусот, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, преживеа вистински „медиумски масакр“ во западните медиуми поради неговото однесување и ставови на, но и надвор од тенисот.

Непријатно изненадување за Ѓоковиќ на Ролан Гарос: Организаторот му ја прекина прес конференцијата откако почна да зборува за коронавирусот

Последните „удари“ започнаа пред стартот на Австралија Опен, кога во јавноста се појави смс-преписката со Крег Тили, но и за време на турнирот, кога беше обвинет дека ја лажирал повредата на стомачните мускули.

Ѓоковиќ: Скинав мускул во Мелбурн, не знаев дали ќе играм!

Тoгаш Ѓоковиќ рече дека чувствува болка и не ужива во тоа што отворено го напаѓаат медиумите.

– Не можам да кажам дека не ми е гајле, но мислам дека имам дебела кожа, да се занимавам со тие работи и да се концентрирам на она што е важно за мене – додаде тој.

Тој најави дека на крајот на годината ќе биде објавен документарец, во кој ќе биде објаснето сè што се случило во Австралија.

Ѓоковиќ е прекрасна личност, не е фер толку лошо да се однесуваат медиумите со него

Еден од двајцата тренери на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, изјави дека медиумите го „масакрираат“ српскиот тенисер веќе една година.

Се започна со Адрија тур, многумина и претходно го прозиваа, но никогаш какошто тоа го прават во последната година. Ова е како да го гледам филмот „Тексашки масакр со моторна пила“. Зошто е тоа така? Поради неговото потекло, на луѓето кои доаѓаат од Балканот, секогаш поинаку се гледа.

Исто така, Новак не се плаши отворено да зборува и да каже тоа што го мисли, но и да се бори за тоа во што верува.

– Сите со нетрпение го дочекаа она ср**е што се случи на УС Опен. Потоа во Австралија застана зад своите колеги тенисери, а медиумите повторно удрија по него. Единствено Навак зборува, сите останати молчат. За време на мојата кариера, многу тенисери правеа разни работи, но никој не беше третиран на тој начин како Ѓоковиќ – изјави Иванишевиќ во интервју за телевизијата Спортклуб.

Токму поради тоа на Иванишевиќ откако е тренер на Новак Ѓоковиќ, титулата на Австралија Опен му е најмила.

– Лично како тренер на Новак и како негов навивач, ова ми е наслатка победа. Ѓоковиќ најверојатно би рекол дека триумот на Ролан Гарос 2016 година или првиот триумф на Вимблдон му се најмили, но за мене по година во која медиумите го масакрираа… Чувството е навистина добро – изјави Иванишевиќ.

Иванишевиќ ги нападна критичарите на Новак: Многу добро знам какви болки имаше Ѓоковиќ

По неговиот тренер, и Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Не бевте фер, но не е прв пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот