Западен Балкан бара изземање на одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од ЕУ

Целта е преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, Западен Балкан да стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против COVID– 19, се вели во заедничкото писмо до Сасоли и Фон дер Лајен.

Претседателите на парламентите оц Западен Балкан упатија апел за помош во борбата против пандемијата на COVID– 19 до претседателот на ЕП Давид Сасоли и до претседателката на ЕК Урсула вон дер Лејен. Тие побараа да бидат изземени од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, Западен Балкан да стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против COVID– 19.

Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери за МИА посочува дека заедничкиот апел претседателите на парламентите го изготвиле електронски и потоа тој е испратен до Европскиот парламент, за европратениците да можат да го разгледаат во најкраток рок.

Во продолжение во целост го објавуваме апелот на претседателите на парламентите од Западен Балкан до Европскиот парламент и до Европската комисија:

Прочитајте и...  ЕУ одговори на барањето на Санчез за „Маршалов план“

„Свесни за комплексноста на моменталната состојба и проблемите со кои се соочуваме како резултат на пандемијата со COVID– 19, овој заеднички Апел има за цел да ја нагласи моменталната многу неповолна состојба и предизвиците кои одат со неа за регионот на Западен Балкан; и во смисла на број на заразени и во смисла на недоволната здравствена опрема вo Регионот, неопходна за успешната превенција, третман и запирање на натамошното ширење на Коронавирусот (COVID– 19). Во оваа смисла, нам сега, повеќе од кога било претходно, потребна ни е солидарност, координиран пристап и заедничка акција.

Оттука, бараме Западен Балкан, кој секогаш јасно и недвосмислено нагласувал дека припаѓа во Европското семејство, да биде изземен од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против COVID– 19.

Прочитајте и...  Цената на нафтата се зголеми по твитот на Трамп

Во овој поглед, како претседатели на Парламенти од Западен Балкан, апелираме да ги преземете следните мерки, имајќи ја во вид нашата заедничка иднина, еднаквост и солидарност:

– разгледување на вклученоста на регионот на Западен Балкан во ЕУ + шема на авторизиран извоз;

– овозможување на регионот на Западен Балкан, доколку е неопходно, да стане дел од Заедничките договори за јавни набавки за медицински противмерки и оттука да учествува во заедничката набавка на медицинска и заштитна опрема за борба против пандемијата со COVID– 19

– разгледување на можноста за дозвола на регионот на Западен Балкан да ги пренамени постојните фондови од Инструментот за претпристапна помош (IPA II) за борба против пандемијата на COVID– 19, како и користење на сите други фондови достапни од разните ЕУ фондови достапни за оваа намена.

Прочитајте и...  ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Македонија и Албанија

Дополнително на предложените мерки, во име на нашите Парламенти, поздравуваме секој вид на помош која Европската Унија е подготвена да ја овозможи за регионот на Западен Балкан.

Почитуван претседател на Европската Комисија, почитуван претседател на Европскиот Парламент, ние сме уверени дека овој апел ќе има позитивен исход, затоа што ние, во Западен Балкан, т.е. во Југоисточна Европа, силно веруваме во Европската солидарност и нашата заедничка европска иднина”.

Прочитај повеќе

Болничар поради коронавирусот ја уби својата девојка – лекарка: Мислел дека го заразила, но резултатите покажаа друго

Слободен печат

Здравствената криза да не се користи за нарушување на човековите права, апелираат невладините организации

Слободен печат

Во Италија дозволена продажба на цвеќиња, растенија и семе

Слободен печат

Се огласи осудениот Талески: Судскиот процес беше сè, само не потрага по ВИСТИНАТА, тоа беше циркус за јавноста

Слободен печат

По примерот на Кина и Јужна Кореја воведени мерки за дезинфекција на улици ширум Франција

Слободен печат

Гувернерот на Њујорк предупредува: За 6 дена ќе останеме без респиратори ако продолжи вака

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

МНР: Со лет од Берлин и Бон вратени уште 180 македонски граѓани

Слободен печат

Спасовски го осуди нападот врз девојката од Штип: Никој не треба да живее во страв или тортура

Слободен печат

Димитров: Првпат сме на состанок на НАТО како полноправна членка, потребна силна солидарост во корона кризата

МИА Агенција

„Одев со Пепи ама раскинавме, тепањето беше пред два месеци“ – раскажува тепаното девојче од Штип (ВИДЕО)

Слободен печат

Морничави сцени од Еквадор: Армијата собира лешови од улица (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Продолжува да опаѓа бројот на новозаразени лица со коронавирусот во Италија

Слободен печат