Занимација за ова попладне – Пита со компири за вашата вечера!

Фото: Профимедиа

Состојки:

500 грама компир

200 грама салама по ваш избор

1 пиперка

малку  сол

масло за јадење

3 чешниња лук

За преливот:

5 јајца

250 милилитри минерална вода

100 грама сирење

200 грама брашно

100 грама кашкавал

Подготовка:

Компирите убаво измијте ги, излупете ги а потоа исечкајте ги на коцки. Во садот со подготвениот компир, додадете салама по ваш избор, сечкана пиперка (лута или блага), масло за јадење, сол и неколку чешниња лук кои претходно ситно сте ги исечкале.

Сите состојки убаво измешајте ги а потоа префрлете ги во претходно подмачкана тава за печење. Распоредете ги состојките по целата површина на тавата.

Потоа, во друг сад, измешајте пет јајца, минерална вода, сирење, кашкавал и брашно. Овие состојки истурете ги во тавата за печење врз компирот и саламата. Печете ја питата околу 40 минути во претходно загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот