Занаетчиството директно погодено од кризата

Занаетчиите бараат да бидат ослободени од придонеси за плата до стабилизација на состојбата со кризата предизвикана од корона вирусот.

Новонастаната ситуација во државата поради Корона Вирусот, наложува потреба да се преземат чекори за надминување на кризата и во секторот Занаетчиство бидејќи ние сме директно засегнати, велат од Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија. Од таму посочуваат дека занаетчиството како дел од стопанството е целосно блокирано.

– Наш предлог е да се ослободиат Занетчиите од Придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март,Април ,Мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во Државата. Даваме исто така предлог да овозможат и времен престанок на Занаетчиите кој се во директен контакт со луѓето како Фризер, Козметичари, Педикири Маникири, се вели во барањето на ЗКРСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот