Замрзнав толку сперма, што девојка ми може да роди цела фудбалска екипа

foto: EPA

Луис Назарио са Лима Роналдо е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, но колку ја сакаше фудбалската топка, толку ги обожуваше и жените.
Беше познат како еден од најголемите заводници, но по завршувањето на кариерата се одлучи на несекојдневен потег, во 2010 година направи вазектомија откако со ДНК анализа се утврди дека тој е татко на Александар кој е роден во 2005 година, а неговата мајка работела како келнерка во 2002 година.

Сепак, тој во интервју за „Financial Times“ изјави дека, е подготвен и доколку неговата сегашна девојка, супермоделот Селина Локс, посака дете од него.
– Да, имав вазектомија но замрзнав доволно сперма и мојата девојка доколку сака може да роди цела фудбалска екипа – се нашали Роналдо.

Бразилецот зборуваше и за ноќта пред одигрувањето на финалниот дуел од Светското првенство 2002 година во кој Бразил ја совлада Германија со 2:0.
Тој се плашеше да не доживее напад на епилепсија како што му се случи четири години претходно, пред натпреварот со Франција во 1998 година.
– Финалето во Јокохама се играше од 20 часот. Ноќта пред натпреварот си реков „ По ѓаволите, не сакам да заспијам“. Барав луѓе со кои можам да разговарам, дојдов кај Дида и му реков „Те молам, остани со мене“. Не спиев цела ноќ бидејќи ми беше страв да не добијам напад на епилепсија“ – открива Роналдо.

Тој додека беше активен фудбалер, добиваше замерки за прекумерната тежина, но Роландо имаше подготвен одговор и за тоа прашање.
– Десертите секогаш ми претставуваа проблем. Денеска постојат движења кои ги бранат правата на хомосексуалците, на црномурестите, но не се сеќавам некој да ме бранел кога ме викаа „дебелко“ – вели поранешниот фудбалер, на ПСВ Ајндховен, Барселона, Интер, Јувентус, Милан и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот