„Замрсен“ љубовен триаголник: Џулија Фокс била во врска со Дрејк пред да биде со Канје Вест

канје вест џулија фокс дрејк
Фото: Принтскрин / Instagram

Џулија Фокс е заглавена во средина на една од најгорчливите препирки на хип-хопот.

Актерката имала жешка и тешка тајна романса со Дрејк една година пред да започне да се забавува со неговиот некогашен непријател Канје Вест.

Извори велат дека 31-годишната Фокс му кажала на Вест за нејзиниот „Хотлајн Флинг“ со неговиот ривал Дрејк – кој ја опсипал со подароци – вклучително и две Биркин чанти – и дека Је не е воодушевен поради тоа.

Нам ни е кажано дека 35-годишниот рапер најпрво се обратил до Фокс преку порака на Инстаграм за да ѝ упати комплименти за нејзината улога во драмата на Адам Сендлер од 2019 година, „Uncut Gems“.

Но, откако врската на Фокс со нејзиниот долгогодишен партнер, Питер Артемиев, се распадна подоцна истата година,  таа повторно стапила во контакт со Дрејк на апликацијата за социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maniac’s thoughts (@onlyfleez)

Tие се сретнале во Њујорк набргу потоа во февруари 2020 година, а изведувачот роден во Торонто ги одвел Фокс и другарката на пијалок во хотелот Бовери.

Дрејк потоа се појавил во „Bloomingdale’s“ – каде Фокс имала промотивен настан – следниот ден за да ја посети на работа.

„Тие ја затворија продавницата за да може да ја посети“, рече извор.

Измачениот пар ја продолжи својата виорна романса кога Фокс полета во Лос Анџелес неколку дена по Денот на вљубените, каде Дрејк ѝ подари две од познатите чанти Биркин, кои чинат од 20.000 до 500.000 долари.

„Потоа таа отиде во неговиот роден град Торонто за да биде со него“, вели инсајдерот.

„Но ја затвораа границата меѓу Канада и САД и таа мораше да се врати дома“, додадоа тие.

Таа подоцна ја обнови врската со поранешниот пилот Питер Артемиев, со кој има 1-годишен син, затворајќи ја нејзината кратка романса со Дрејк. И откако парот повторно се раздели, таа очигледно почна да излегува со Канје по средбата во Мајами за време на новогодишната ноќ.

Дрејк и Канје имаа долгогодишна караница, но се чини дека ги средија работите кон крајот на 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот