Замолчете ја лудачата во вас поради која психички и физички сте исцрпени: 7 совети од лекарите за ослободување на стресот

Докторите  проучувале како расте емоцијата во жената и како се бори со стресот, па понудиле неколку решенија за ослободување од стресниот циклус.

Секоја жена во себе има една „мала лудачка”, поради која понекогаш се чуствува помалку вредна и самокритична, тврдат експертите.

Имено, докторките Емили и Амелија Нагоски од Масачусетс напишале книга „Burnout“ која би требало да ни помогне да ја избегниме физичката и психичката исцрпеност, пишува Дејли Меил.

-Заклучивме дека сите жени имаат „внатрешна лудачка”, глас кој ги потенцира неуспесите во негативно светло, а тоа само го зголемува нивото на стрес, велат докторите.

Совети за управување со стресот:

  • Трчање: Емил и Амелија истакнуваат дека физичката активност и секојдневното вежбање е еден од начините за ослободување од стресот.
  • Дишење: побавно и длабоко дишење исто така ослободува од стрес, кога тој не е многу голем
  • Разговор: Позитивната социјална интеракција, како што е опуштен разговор со колега или со блиските за забавни работи, навистина може да опушти.
  • Смеење: познато е дека смеењето е лек за стресот. Затоа дозволете другите да ве насмеат.
  • Бакнеж од шест секунди: бакнете ја саканата личност на шест секунди и повторно сетете се зошто ја сакате и колку сигурно се чуствувате во нејзино друштво. Тоа чуство на телото му праќа смирувачки сигнали.
  • Прегратка од 20 секунди: и прегратката смирува, исто како и бакнежот. Затоа прегренете го партнерот или пријателката. Погалете го домашното милениче: не мораме да напоменуваме колку релаксирачки делува домашното милениче, макар и да не сте голем љубител на животни.
  • Плачење: Понекогаш плачењето е единствениот начин да ја исфрлиме негативната енергија и стресот од нас. На тој начин новите и поубави емоции ќе допрат до нас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот