Замислете поинаква Европа

јанис варуфакис

Замислете дека пандемијата на вирусот корона ја зајакна Европската унија, наместо дополнително да ја наруши довербата на нејзините граѓани. Замислете дека kовид-19 ги ​​принуди лидерите на ЕУ да се откажат од повеќегодишните несогласувања и сè подлабоките поделби. Замислете дека пандемијата служеше како катализатор за градење на посилен и покомпактен политички блок кој со право ќе ја преземе улогата на глобален лидер. Ајде да се обидеме да го замислиме тоа. Не би требало да биде тешко.

На крајот на февруари, 2020 година, две недели пред Светската здравствена организација да прогласи пандемија, Советот на ЕУ на Европската комисија ѝ достави инструции за координација на борбата против новиот вирус. За неколку дена, Комисијата подготвила список на дефицитарни производи, од лична заштитан опрема до аларати за единиците на интензивна нега и доставила нарачки на произведувачите. Исто така, формираше Ков-Ком, совет на врвни епидемиолози и претставници на системот на јавното здравство во ЕУ кои на дневно ниво ќе издаваат препораки за борба против пандмеијата. Ослободени од потребата да трагаат по залихи на потребните производи и размислување за оптималните аранжмани за патувања и одржување дистанца, владите на државите членки може да се фокусираат на спроведување на единствен ЕУ план.

Кога пандемијата ги покажа забите во северна Италија, камиони со заштитна опрема, шишиња со кислород, уреди за интензивна нега, лекари и медицински сестри пристигнаа од цела Европа, со координација од Брисел. Додека Европскиот парламент дебатираше за императивите на граѓанските слободи и потребите на јавното здравство, Комисијата, во соработка со владите на земјите-членки, продолжи да ги мапира потребите на здравствениот систем низ цела Европа.

Во март, Ков-Ком препорача воведување на мерка за затворање, со правила што варираат од регион до регион. Европскиот совет го одобри планот за карантин на Комисијата, со секојдневни прегледи на спроведените мерки. Додека Европејците влегуваа во карантин, во Европа беше изградена мрежа на центри за масовно тестирање. Редовното тестирање во секое соседство, во близина на секое училиште и работно место, овозможи координирана и безбедна релаксација на воведените мерки.

Кога најсуровиот пандемиски месец, април донесе ненадејно зголемување на бројот на жртви, болниците го поздравија подготвени благодарение на здружувањето на техничките и човечките ресурси од цела Европа. Кога новинарите прашаа како гостувачките лекари и медицински сестри во одделенијата за интензивна нега комуницираат со италијанските и шпанските колеги, германски анестезиолог одговори: „Кога луѓето почнуваат да умираат, здравствените работници комуницираат преку осмоза“.

А бидејќи мерките на затворање ги загрозија потрошувачката и производството, европските економии влегоа во невидена рецесија. За разлика од кризата со еврото пред десет години, пандемијата ја погоди економската активност во сите европски земји. Соочувањето со заедничкиот непријател и духот на солидарност што го покажаа здравствените работници донесе ново расположение што наскоро ги преплави и европските претставници на власта. Резултатот беше историска одлука донесена од европските министри за финансии во мај, а потоа одобрена од Советот на Европа. Покрената е иницијатива за новата генерација на Европа, или ЕНГ.

Четирите столба ја направија оваа иницијатива вовед во вистинско европско обединување. Воспоставен е заеднички механизам што ќе го апсорбира неизбежниот раст на јавниот долг поради обидите на земјите да ги заштитат своите економии и да спречат раст на невработеноста. Според новиот аранжман, борбата против пандемијата, вклучително и набавката на вакцини, се финансира од централниот фонд за здравство. На жителите на Европа им беше исплатена финансиска помош и тоа им помагна на сите европски региони. Добро воспоставената програма за инвестиции подготви програма за развој на зелена енергија што ѝ е неопходна на Европа.

За да ги постават овие четири столба, европските лидери мораа да ја отстранат пречката што им пречеше во сите претходни кризи, односно да најдат начин да се однесуваат како да се федерална влада, без да ги кршат одредбите на европските договори. Пронајдено е генијално решение за спроведување на иницијативата. На клучната седница на Советот во април 2020 година, германската канцеларка Ангела Меркел наводно кажа: „Европската централна банка, како единствена наша заедничка институција што има вистинска моќ, секако ќе мора да ја покрие оваа сметка“. Ајде да ја искористиме на најдобар можен начин “.

Европските лидери го сторија тоа. Со цел да го апсорбираат неизбежниот раст на јавниот долг, тие одлучија да ги финансираат примарните буџетски дефицити на сите земји-членки што настанаа по март 2020 година (со исклучок на отплата на претходно постојните долгови) со издавање на 30-годишни обврзници на Европската централна банка. Така, долгиот рок за исплата ќе им овозможи на европските лидери да изградат вистинска федерална управа, со единствен трезор, така што Европската централна банка не би била принудена еден ден да отпечати пари за да ги исплати сопствениците на обврзници. „Ако Европа не успее да се обедини за 30 години“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на Европскиот совет во мај, „тогаш не ја заслужуваме унијата“.

Така лидерите на ЕУ го преминаа Рубикон. Иницијативата ЕНГ беше искористена и за решавање на други проблеми. На пример, за финансирање на истражување и развој на вакцини и плаќање за лиценцирано локално производство низ Европа, Европската централна банка купи постојани обврзници од фармацевтски компании (без купони). Основачкиот акт на Европската централна банка не забранува купување обврзници на приватни компании, па ЕУ го искористи тоа за финансирање успешна програма за вакцинација и здравствена заштита за сите Европејци. Истиот механизам може да се користи за набавка на стотици милиони дози вакцини за бесплатна дистрибуција до соседните и земјите во развој.

Потоа тука е програмата за парична помош на граѓаните во висина која е еквивалентна на помошта исплатена во САД за време на пандемијата. Лидерите на ЕУ сфатија дека основачките документи на Европската централна банка не ја спречуваат на секој жител на Еу да му исплати помош од 2.000 евра, што е вкупно околу 750 милијарди евра. Кога сите Европјани – Германци, Грци, Холанѓани, Португалци и сите останати ја примат помошта во ист износ, одредбите на европските договори кои забрануваат фискални трансфери и парична помош помеѓу државите членки нема да бидат прекршени.

Конечно, во рамки на истата иницијатива, Европската централна банка добила инструкции да емитува обрзници во вредност од приближно 5 отсто од вкупниот доход во ЕУ. Така ќе се финансира новата Европска зелена агенција која ќе јаразвива Зелената енергетска унија и уште пошироко европскиот зелен њу дил.

Бројот на заразени расте и се намалува со текот на времето, но до декември 2020 година ширењето на вирусот во Европа беше запрено со координирана програма за вакцинација. Европејците ја дочекаа 2021 година со реални очекувања за заеднички зелен просперитет. Во исто време, статусот на Европа во светот е подобрен, вклучително и во отцепената Британија. Дистрибуцијата на донирани вакцини на други земји секако придонесе за тоа, но најважно е што Европа јасно покажа дека единството и солидарноста конечно преовладаа на целиот континент.

Сè можеше токму вака да се случи, но не се случи. Разбирањето на тоа зошто ништо од ова не се случи може да биде повод за очајување или, ако така одлучиме, отскочна даска за промена.

 

 

(Јазикот на кој се напишани како и ставовите изнесени во рубриката „Колумни“ не се ставови и одраз на уредувачката политика на „Слободен печат“)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот