Заминувањето на Моралес во Аргентина не ги намали тензиите меѓу Мексико и Боливија

Фото: EPA/MARTIN ALIPAZ

Мексико соопшти дека боливиските безбедносни сили го зголемиле своето присуство околу резиденцијата на мексиканскиот амбасадор во Ла Паз каде група поранешни министри и други функционери верни на соборениот претседател Ево Моралес побараа азил.

Војската во вторникот се собра околу резиденцијата, соопшти мексиканското Министерство за надворешни работи и ситуацијата ја оцени како „опсадна состојба”.

Односите меѓу двете земји се нарушени откако Мексико му даде азил на Моралес, кога тој на 10 ноември поднесе оставка по немирите во земјата заради обвинувањата дека ги фалсификувал претседателските избори.

Моралес во меѓувреме замина за Аргентина и завчаера најави дека ќе остане вклучен во политиката на соседна Боливија, наведуваат американските медиуми.

Боливискиот заменик министер за јавна безбедност Вилсон Сантамарија изјави дека на политичарите кои се наоѓаат во мексиканската Амбасада нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

-Ги преземавме неопходните чекори за силите за безбедност веднаш да откријат било каква помош на бегалците за да ја напуштат земјата, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот