Заминувањето на Меси не е добро за Ла Лига

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно зборуваше за Лионел Меси и неговата најава за заминување од Барселона која не се реализира во текот на летото.

Иако Лионел Меси имаше голема желба да си замине од Барселона, тимот во која ја помина целата кариера, тоа не беше возможно поради големото обесштетување. Откупната клаузула во договорот на Меси изнесува дури 700 милиони евра и ниту еден клуб во светот не може да си дозволи да ја плати поради што Аргентинецот и оваа сезона ќе го носи дресот на каталонскиот тим.

Од останувањето на Меси во Барселона бенефит ќе има и самата Ла Лига и првиот човек на натпреварувањето, Хавиер Тебас, не го крие задоволството.

Како што и отсекогаш зборував, сакам Меси да осатане во Ла Лига до крајот на кариерата. Доколку остане во Барселона тоа ќе биде одлично за клубот. Единството помеѓу Барселона и Меси им носи бенефит и на клубот, и на фудбалерот и на самата лига. Не сум сигурен дека заминувањето би било добра идеја за Меси и за нашата лига. Можеби за него како играч би било подобро, но не за Меси како фудбалска индустрија. Меси ќе остане во Ла Лига, но морам да кажам дека веќе ги продадовме ТВ правата за наредните четири години и никој не се јавува да го откаже договорот во случај Меси да си замине – изјави Тебас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот