„Заминете веднаш“: Американската амбасада во Киев ги повика Американците да ја напуштат Украина

Американска амбасада Киев/ Фото Stringer / Sputnik / Profimedia

Американската Амбасада во Киев денеска „ги повика” американските граѓани кои престојуваат во Украина да ја напуштат земјата без одлагање, во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија околу Украина, пренесуваат американските медиуми.

„Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД веднаш да размислат за напуштање на земјата”, соопшти амбасадата на својата веб-страница.

„Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без претходни предупредувања”, се додава во соопштениетоп на амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот