Замина првата група доктори која беше во служба на здравјето на граѓаните во Дебар

Од Дебар замина групата лекари специјалисти, кои поради состојбата со коронаврусот, а во услови на потреба од дополнителен персонал, пристигна на 20 март.

Станува збор за инфектолог, педијатари и пулмолози, кои, како што на испраќањето, рече градоначалникот Хекуран Дука, заедно со нивните дебарски колеги, дадоа непроценлив придонес во заштитата на здравјето на жителите од оваа и општина Центар Жупа.

Текст на благодарност за докторите со нивна заедничка фотографија со градоначалникот Дука, секретарот на општината Или Мирзо и директорот на Општата болница,  Баки Халили, стои и на официјалната веб страница на Општината.

-Хуманизмот што е во душата на лекарите не знае за никаква разлика. Целта е да му се помогне на најсовршеното битие на планетата – човекот. Благодарност од дебарани за докторите Зекерија од Слупчане, Славица од Велес, Бесим од Тетово, Вангел од Скопје и Армир од Скопје за пожртвуваноста за здравјето на дебрани. Вашите колеги и граѓаните од Дебар нема да ве заборават, стои во објавата.

Во Дебар, поточно во Општата болница, веќе пристигна втората група доктори, која е составена од инфектолог, педијатар и двајца пулмолози.

Во Дебар има еден епидемиолог и двајца инфектолози, а двајцата педијатри од приватната педијатриска амбуланта, кои дежураат и во итната помош, беа заразени, па повеќе од неопходно беше дополнителен број лекари. На барањето на Оперативниот штаб на градот позитивно одговори Министертвото за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот