„Замина последната скопска партизанка“: Белградска „Политика“ за мајката на Вилма Русковска, Драга

Драга Русковска / фото: „Политика“ / лична архива

Белградскиот весник „Политика“ во денешниот број објави текст со наслов „Заминувањето на последната скопска партизанка“, посветен на партизанката-првоборка Драга Русковска, која почина минатата недела на 96-годишна возраст. Драга Русковска е мајка на обвинителката Вилма Русковска,

„Последната партизанка од Скопје, учесничка во Народноослободителната војна на Сремскиот фронт, почина неодамна во Скопје. Последното интервју Драга Русковска го даде пред година дена“, пишува најстариот српски весник, цитирајќи делови од интервјуто со Драга Русковска објавено лани, на нејзиниот 95-ти роденден.

Вилма Русковска за СДК.мк вели дека смртта на нејзината мајка поминала со целосна незаинтересираност од државата, па дури и од Сојузот на борците. Таа вели дека толку немало никој во Сојузот на борците да дојде и да ја испрати на погребот во четвртокот, што морала таа самата да напише за нејзината младост по фашистичките затвори, но и за храброста и пожртвуваноста во ослободувањето на Македонија и на делови од Југославија.

Фото: Политика/принтскрин

Драга Русковска во ланското интервју за „Политика“ рекла дека кога почнала војната, нејзините пријатели кои студирале во Белград, се вратиле во родниот Штип. Како припадници на СКОЈ (Сојузот на комунистичката младина на Југославија), со себе ги донеле идеалите на комунизмот. На тајните состаноци и таа се зачленила во СКОЈ, каде извршувала задачи.

„Македонија тогаш беше под бугарска окупација. Во 1943 година, нашата ќелија беше откриена и сите завршивме во (бугарски) затвор во Скопје. Тоа беше тежок период, бевме мачени, физички и психички секој ден. Кога беше убиен бугарскиот цар Борис, нè амнестираа нас кои бевме малолетни. Се вратив во Штип. Сепак, по неколку месеци, ја формиравме 14. Македонска младинска ударна бригата. Така и тргнав во Партизани. Со Бригадата учествувавме во ослободувањето на повеќе градови, меѓу кои беше и Скопје. Во меѓувреме, Бугарите ја сменија страната, но главниот штаб на НОВ на Македонија, не дозволуваше да учествуваат во ослободување на некој македонски град. До крајот на 1944 година, со крвава борба на партизанските единици, беше ослободена цела Македонија“, вели партизанката во интервјуто.

Ние, поради тоа што војната сè уште не била завршена, Бригадата на Драга Русковска , чиј командант бил Боро Чаушев, добила наредба да тргне кон Белград, па оттаму на Сремскиот фронт.

„Во февруари 1945 година добивме наредба да тргнеме за Белград. До Врање одевме пешки, а од Врање до Белград со товарни вагони. Беше многу студено. Во Белград го научив курсот за шифранти, по што заминавме за Срем. Не можам да го заборавам изразот на лицето на сите нас кои дојдовме од Македонија. Нигде дрво, нигде камен, значи докај што гледа окото, само рамнина. Ни дадоа ашови да копаме ровови. Беше исклучително тешко да се смести герилата во рововите. Се боревме заедно со Личката дивизија. Беа многу горди дека го спасиле Тито во Дрвар. Тогаш првпат слушнавме и за офанзивите на Неретва и на Сутјеска“, раскажа лани Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот